НА ТАЕН СОСТАНОК ФРАНЦУСКИОТ ТИНЕЈЏЕР ДОБИЛ ВЕТУВАЊЕ

Зидан ќе брка еден од Роналдо, Бензема и Бејл за да игра Мбапе

Реал е решен во своите редови да го доведе тинејџерот од тимот на Монако

објавено: 23 јуни 2017 - 17:20

Европскиот првак Реал Мадрид одлучен е во намерата летово да го доведе најголемата млада ѕвезда во светскиот фудбал, Килијан Мбапе. Според најавите, тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, имал таен состанок со тинејџерот, каде биде договорени поголем дел од деталите.

Зидан му ветил на Мбапе дека ако дојде во Реал, за него ќе има место во стартниот тим на мадридскиот гигант. Доколку ова е точно, ќе значи дека Реал е подготвен да се откаже од еден од тројцата напаѓачи кои ги има, а тоа се Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Карим Бензема. 

Најново во Меѓународен Фудбал