ПОРТУГАЛЕЦОТ ОСТАНУВА САМО НА ЕДЕН ГОЛ ЗА РЕАЛ

Зидан: Не сум загрижен за Роналдо

Иако поминаа 11 кола во шпанското првенство, најдобриот играч на „кралскиот клуб“ остана само на еден погодок сезонава

објавено: 6 ноември 2017 - 10:00

Реал Мадрид со 3:0 го победи Лас Палмас, а повторно во листата на стрелци ги немаше двајцата главни напаѓачи во тимот Кристијано Роналдо и Карем Бензема. Погодоците за „кралскиот клуб“ беа дело на Касемиро, Асенсио и Иско, додека оние кои треба да бидат задолжени за погодоци, повторно промашуваа. 

Иако поминаа веќе 11 кола во Примера дивисион, Бензема и Роналдо имаат постигнато само по еден погодок. Тренерот на Реал, Зинедин Зидан засега уште покажува толеранција на неефикасноста од голгетерите. 

„Сите сакаме да продолжиме да работиме правилно. Зборам за Роналдо и Бензема. Не знам колку голови имаат дадено до овој момент, но треба да сме спокојни. Медиумите секогаш гледаат негативно, а јас обратно од нив. Роналдо асистираше за голот на Иско. Сите знаеме дека тој е најсреќен кога дава голови, но и сега е среќен“, рече францускиот стратег на кормилото на Реал Мадрид.

 

Најново во Меѓународен Фудбал