АКО МАНЧЕСТЕР Ј. ЈА ОСВОИ ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Скопје го чека најатрактивниот Супер куп на Европа во последните 15 години

На 8 август на арената „Филип Втори“ може да биде вистински спектакл за цел свет

објавено: 11 мај 2017 - 20:00

Реал и Јувентус се екипи кои со децении се меѓу најдобрите и најатрактивните во Европа. Тоа го покажаа и со пласманот во финалето на Лигата на шампионите сезонава. Победникот од дуелот во Кардиф, ќе гостува во Скопје, на 8 август, во меч од Суперкупот на Европа. И Реал и Јувентус имаат голем број навивачи во Македонија, што значи дека сигурно ќе имаат поддршка и од фановите од нашата земја. 

Вечерва се играат и реванш средби од полуфиналето во Лигата на Европа. И во второто по ранг натпреварување има две многу атрактивни екипи кои се на пат да се пласираат вио финалето. Манчестер Јунајтед и Ајакс се борат за влез во завршницата.

Доколку се случи Манчестер да го освои трофејот во Лигата на Европа и да си го визира местото во Скопје, без разлика, на победникот во Лигата на шампионите, сигурно на арената „Филип Втори“ ќе биде најатрактивниот Суперкуп на Европа во последниве 15-тина години, бидејќи тоа ќе биде дуел меѓу најтрофејниот англиски клуб, против една од екипите кои доминираат по бројот на титули во Италија и Шпанија. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал