ЛЕГЕНДАРНИОТ романски голгетер го врати синот дома

Таткото го откупи договорот на синот за два милиони евра

Ова го може само Ѓорге Хаџи

објавено: 18 јануари 2018 - 20:15

Легендарниот романски голгетер Ѓорге Хаџи го направи можеби најчудниот трансфер во јануарскиот преоден рок. Хаџи кој е директор и тренер на романскиот тим Виторул, реши да го откупи договорот на својот син, Јанис Хаџи, кој досега го носеше дресот на Фиорентина. 

Младиот 19-годишен романски играч две години го носеше дресот на Фиорентина, но имаше само два настапи за „виолетовите“, а последниве неколку месеци беше дел од младинскиот тим. 

Виторул досега најмногу имаше платено 50.000 евра за трансфер на некој играч, а сега даде два милиони евра за да го врати синот на Хаџи. Интересно е тоа што оваа сума романскиот клуб ја доби пред две години од Фиорентина, а сега парите и играчот се вратени. 

Со новиот договор, Фироентина ќе добие и 30 отсто од следнито трансфер на Јанис Хаџи.

Најново во Меѓународен Фудбал