СКРАТЕН СПИСОКОТ НА ПРОТИВНИЦИТЕ ЗА ЛИГА ЕВРОПА

ШКЕНДИЈА: МОЖЕ СО ШИРАК

Израелскиот гигант е најсилниот можен ривал за Шкендија. Тетовци би немале проблем со ерменскиот Ширак па зошто не и дуел со Дачиа од Молдавија

објавено: 19 јуни 2017 - 10:14

Познати се петте можни противници за Шкендија во квалификациите од Лигата на Европа. Ако сакаат успешна евро сезона „црвено-црните" никако не смеат да го добијат Макаби Тел Авив. Најсилниот тим од Израел е можен ривал за Шкендија која освен оваа екипа не би требало да стравува од останатите четири кои се нивни потенцијални ривали.

Тренчин од Словачка, Интер Баку од Азербејџан, Дачиа од Молдавија и Ширак од Ерменија се екипите, можни ривали на Шкедија.
Ждрепката почнува од 13.30 часот во Нион.

Најново во Меѓународен Фудбал