ЕДЕН ИЗБОДЕН СО НОЖ

Војна на хулигани во Грција (Фото+Видео)

Ужасните сцени од финалето на Купот меѓу екипите на ПАОК и АЕК

објавено: 7 мај 2017 - 09:55

Во Грција неколку пати се случувало мечевите да се одложуваат поради хулиганите. Дека тие немаат намера да сопрат со своето дивеење се покажа на дуелот од финалето на Купот, меѓу ПАОК и АЕК. Дуелот кој се играше на Олимпискиот стадион во Атина, имаше своја предигра. 

Навивачите на АЕК први запалија факели, а полицијата возврати со солзавец. Тогаш се вмешаа и навивачите на ПАОК, па ситуацијата излезе од контрола. На трибините како да се водеше војна. Наеднаш од сите страни почна да летаат молотови коктели, а навивачите на двата тима успеаа да дојдат едни до други. Тогаш почна тепањето.

Се користеа ножеви, столчиња, метални прачки. Десетина навивачи со хиликоптер се пренесени во болница, а еден е прободен со нож.

 Мечот на крајот сепак се одигра и заврши со триумф на ПАОК од 2:1. 

Најново во Меѓународен Фудбал