СЕ ЗГОЛЕМУВА ЗАГРИЖЕНОСТА ПРЕД МУНДИЈАЛОТ

ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД РУСИЈА: Масовна тепачка на хулиганите (ВИДЕО)

Од Русија доаѓаат нови шокантни видео-снимки од масовна тепачка на фудбалските хулигани.

објавено: 4 мај 2017 - 10:00

Руските хулигани уште еднаш испратија загрижувачка порака во светот и тоа во лошо време. Пред стартот на мечот меѓу Краснодар и Анжи, навивачите на двата тима жестоко се пресметаа, според многумина станува збор за организирана средба. Откако двете групи најпрво се собраа, потоа за кратко време настана вистински хаос.

Пресметката меѓу двете групи траеше неколку минути, по што навивачите го напуштија местото. 

„Од наша страна ќе се потрудиме, овие навивачи да се најдат на „црната листа". Тие нема да можат да присуствуваат на нашите натпревари", се вели во соопштението на клубот.

Британските медиуми по големиот инцидент известија дека поради насилното однесување на руските навивачи расте загриженоста меѓу учесниците на Светското првенство следната година чиј домаќин е токму оваа земја. 


Krasnodar Anzi tuča navijača by goloviliga


Krasnodat anzi tuča 2 by goloviliga

Најново во Меѓународен Фудбал