Играчот на Металург се надева на одмазда

Кузмановски: Да му се реваншираме на Вардар во купот

„Честитки за моите соиграчи кои максимално се бореа на теренот и покрај сите проблеми. Да му се реваншираме на Вардар во купот и тоа на неутрален терен" истакна левиот бек

објавено: 11 мај 2017 - 22:48

Металург вечерва едноставно не беше достоен противник за Вардар. Тимот од Автокоманда, со исклучок на поединци, потфрли речиси на секаков план. Левиот бек Филип Кузмановски е свесен за убедливиот пораз, но и покрај сè е задоволен од залагањето на неговите соиграчи кои во овие тешки времиња за клубот, максимално се борат на секој меч.

„Ќе бидам реален и ќе кажам дека во Автокоманда го искористивме лошиот ден на Вардар. Овој натпревар дојде во еден лош период за Металург, но, кога ќе излеземе на терен ние тоа требаше да го заборавиме. Честитки за моите играчи кои што максимално се борат. Да му се реваншираме на Вардар во купот. Сега ние имавме малку имавме лош ден" кажа Кузмановски.

Бекот на вечерашната средба имаше учинок од два погодоци, кои беа постигнати во почтниот дел од натпреварот.
Вардар и Металург ќе се соочат во полуфиналето од фајнл-фор турнирот од домашниот куп кој ќе се одигра во Битола на 20 и 21 овој месец.

Најново во Ракомет