СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР

Познати саатниците за „Трофеј Вардар 2017“

Вториот меѓународен женски ракометен турнир „Трофеј Вардар" ќе се одржи во периодот од 23 до 26 август во салата во СЦ „Јане Сандански".

објавено: 13 јули 2017 - 13:33

Вториот меѓународен женски ракометен турнир „Трофеј Вардар" ќе се одржи во периодот од 23 до 26 август во салата во СЦ „Јане Сандански". Ќе учествуваат шест екипи, што ќе бидат поделени во две групи.

Екипите ќе бидат поделени во две групи. Победниците од секоја група ќе играат во финалето, а другите за пласман со тим од другата група. На турнирот ќе се изберат најдобар голман, играч и стрелец. Вардар е победник на првото издание на турнирот.

Група А
Будуќност
Вардар
Краснодар

Група Б
Одензе
ЧСМ Букурешт
Ростов

Распоред на натпревари
23 август 2017
15 ч. ЧСМ Букурешт - Ростов
17,15 ч. Вардар - Краснодар

24 август 2017
15 ч. Одензе - ЧСМ Букурешт
17 ч. Будуќност - Вардар

 

Најново во Ракомет