ЦРНА ГОРА ЌЕ СЕ ПОТПИРА НА ВАРДАРОВАТА РАКОМЕТАРКА

РАДИЧЕВИЌ ДОБИВА ФУНКЦИЈА - претседател на Советот за спорт

Вардаровата ракометарка Јованка Радичевиќ е именувана за претседател на Советот за спорт на Црна Гора.

објавено: 13 јули 2017 - 11:20

Вардаровата ракометарка Јованка Радичевиќ е именувана за претседател на Советот за спорт на Црна Гора. Популарната Јока ја доби оваа функција со одлука на министерот за спорт Никола Јановиќ и ќе ја извршува во следните четири години.

Покрај десното крило на Вардар, во Советот се именувани уште осуммина членови, чија задача е да ги разгледуваат стручните прашања во областа на спортот и да даваат стручна помош при донесување на одлуките и подготовка на прописите.

Најново во Ракомет