РК Охрид ја продолжи соработката со тројца ракометари

Трајкоски, Спасовски и Адамовиќ остануваат „гладијатори“

Повремениот репрезентативен чувар на мрежата и двајцата ракометари ја продолжија соработката со Суперлигашот

објавено: 18 мај 2017 - 17:35

Охрид продолжува да се екипира за наредната сезона во ракометната Суперлига. „Гладијаторите" ја продолжија соработката со Благојче Трајкоски, Бојан Спасовски и Лазар Адамовиќ и со тоа практично и да го обезбедија тимот. Како што е познато, Охриѓани од претходно договорија продолжување на соработката со Јосип Кезиќ, Марко Кобетиќ и Бобан Блажевски.

Со тоа задржан е костурот за наредната сезона, а со ваквиот потег, управата на тимот очекува тоа да влијае позитивно пред настапот на завршниот турнир во Купот на Македонија, како и последните средби од плеј-офот во Суперлигата.

Најново во Ракомет