Французинката останува во Скопје

Вардар и Лакрабер заедно и во наредната сезона

Раководството на „црвено-црните" се одлучи да ја продолжи соработката со француската ракометарка и во наредната сезона

објавено: 20 февруари 2017 - 14:34

Александра Лакрабер и во наредната сезона ќе биде дел од редовите на македонскиот првак ЖРК Вардар. Раководството на „црвено-црните" одлучи да ја продолжи соработката на уште една година со француската ракометарка.

Лакрабер во Вардар дојде минатото лето и со своите игри се вклопи во системот на работа.

Таа е шестата ракометарка која што за краток период одлучи да ја продолжи верноста со првакот. Претходно тоа го сторија Андреа Пенезиќ, Барбара Лазовиќ, Андреа Кликовац, Татјана Хмирова како и Андреа Лекиќ.

Со тоа, „црвено-црните" го задржаа костурот и играчите кои што досега беа дел од најголемите клупски успеси.

Најново во Ракомет