Познати се полуфиналните парови во Купот на Македонија

Вардар и Металург во полуфинален бој за Купот

Двата скопски ривали ќе се сретнат во претпоследната фаза до титулата во најмасовното натпреварување, но, претходно Вардар ќе треба да ги одработи задачите против Борец и Радовиш

објавено: 11 мај 2017 - 12:59

Ако се биде според планот, Вардар и Металург ги очекува нова битка, овој пат во полуфиналето од Купот на Македонија. Двата најквалитетни наши ракометни колективи, се „судрија" во претпоследната фаза до титулата во најмасовното натпреварување, но, претходно првакот треба да ја одработи задачата во четврт-финалната група.

„Црвено-црните" не би требало да имаат потешка задача против Борец и Радовиш.

И второто полуфинале ќе биде интересно за следење бидејќи силите ќе ги одмерат екипите на Охрид и Еурофарм Работник. Во досегашниот тек од сезоната, овие два колективи одиграа неколку интересни натпревари.

Фајнл-фор турнирот од купот на Македонија во машка конкуренција ќе се игра на 20 и 21 овој месец во Битола.

Кај дамите, пак, актуелниот првак и најголем фаворит за освојување на титулата, ЖРК Вардар во полуфиналето ќе играат против Гевгелија. Во вториот дуел, пак, Металург ќе го дочека Прилеп.

Скопје ќе биде домаќин на завршницата од Купот на Македонија во женска конкуренција која ќе се одржи на 19 и 20 мај во Скопје, во салата „Автокоманда".

Најново во Ракомет