ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА БИ МОЖЕЛ ДВА ПАТИ ДА БИДЕ ГОСТИН

Металург „домаќин" во Шпанија?

Противник во Челинџ Купот е шпанската Малага

објавено: 10 август 2017 - 17:50

По заминувањата на Марија Николиќ, Матеја Серафимова, Симона Стојковска, Елена Петковска и уште неколку првотимки, ракометарките на Металург во претстојната сезона ќе имаат еден, скоро младински тим.

Тимот од Автокоманда со пласманот во финалето на Купот на Македонија се здоби со право да игра во Челинџ Купот, а таму за противник го доби шпанскиот тим Ринкон Фертилидад од Малага, кој е еден од главните фаворити за освојување на трофејот во овој Куп.

Шпанскиот тим веќе достави понуда до раководството на тимот на Металург во која побараа двете средби од третото коло да се играат на нивни терен во Малага.

Многу извесно е дека ЖРК Металург таа понуда најверојатно ќе ја прифатат.

Најново во Ракомет