Во стилот на заминувањата е и трансфер пазарот во ракометот

Заминувањето на Душебаев од Вардар во Кјелце топ-ракометен трaнсфер според ЕХФ

Алекс Душебаев летово го напушти Вардар како европски првак и замина во редовите на претходниот шампион Кјелце, а Европската ракометна федерација го нотира трансферот како најдобар летово

објавено: 11 август 2017 - 16:24

Алекс Душебаев летово го напушти Вардар како европски првак и замина во редовите на претходниот шампион Кјелце, а Европската ракометна федерација го нотира трансферот како најдобар летово. Во топ-12 има место и за Кирил Лазаров. Капитенот на македонската репрезентација ја смени клупската средина и од Барселона се пресели во Нант, што е забележано од ЕХФ како четврти најдобар трансфер пред стартот на новата сезџона во Лигата на шампионите. Место во топ-12 има и за Дејан Манасков, кој се пресели од Рајн Некар во Веспрем, а трансферот е 11. нај во Европа. Новото засилување на Вардар, Дајнис Криштопанс е седми најдобар трансфер.

Еве ги најдобрите 12 засилувања во ракометна Европа според ЕХФ:

1. - Душебаев (Вардар - Кјелце)

2. - Сагосен (Алборг - ПСЖ)

3. - Јанц (Целје - Кјелце)

4. - Лазаров (Барселона - Нант)

5.- Доленец (Монпелје - Барселона)

6. - Коралес (Висла - ПСЖ)

7. - Криштопанс (Мешков Брест - Вардар)

8.- Толбринг ( Кристијанштад - Рајн Некар)

9. - Акамбре (ПСЖ - Веспрем)

10. - Ѓорѓиќ (Фленсбург - Мешков Брест)

11. - Манасков (Рајн Некар - Веспрем)

12. - Зарабец (Целје - Кил)

Најново во Ракомет