НА ПРВИОТ МЕЧ ШТО ГО ИГРААТ ВО ЗАГРЕБ

Хрватите како да се „оладија“, Арената не е полна

„Коцкестите“ се големи фаворити на дуелот против Белорусија кој е во тек

објавено: 18 јануари 2018 - 20:46

Загребската „Арена“ не се наполни ниту на првиот меч што го игра домаќинот Хрватска. „Коцкестите“ првите три средби ги играа во Сплит, каде имаа огрома помош од публиката која во сите три меча ја исполни салата. 

Сепак, сега во Загреб, ситуацијата е различна. „Арената“ е далеку од исполнета, а и атмосферата не е на посакуваното ниво, ако се знае дека игра домаќинот. Не знаеме дали е тоа поради поразот на Хрватска од Шведска или фактот дека противник е Белорусија, но факт е дека атмосферата не е на посакуваното ниво. 

Најново во Ракомет