Убаво признание за капитенот

ЕХФ го одбра Лазаров за најдобар во мај

Нашиот најдобар ракометар беше прогласен и за МВП во изборот на Европската ракометна федерација, кога станува збор за репрезентативните активности

објавено: 17 мај 2017 - 18:42

Кире Лазаров е прогласен за најдобар играч во изборот на ЕХФ спроведен заедно со ракометните фанови. Нашиот капитен блескаше во двомечот против Исланд каде што на две средби даде 18 голови, а само по себе тоа знаеа да го препознаат и љубителите на овој спорт, кои му оддадоа убаво признание на Лазаров.
Кире, очекувано се најде и во идеалниот тим во овој избор.

Нашата репрезентација во овој двомеч оствари по една победа и пораз, но, и покрај тоа се наоѓа во добра позиција. Со четири бодови се наоѓаме на второто место и со евентуална победа на гости против Украина ќе обезбедиме настап на Европското првенство во Хрватска, идната година.

Најново во Ракомет