УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНСКА ИНТЕРНАЦИОНАЛКА ВО ТУРЦИЈА

Јанеска продолжува во Мудања Беледијеси

Левиот бек се враќа во шампионатот на Турција

објавено: 11 август 2017 - 15:54

Дваесет и четиригодишната македонска интернационалка Моника Јанеска ќе ја продолжи својата кариера во турскиот шампионат, во дресот на Мудања Беледијеси.

Ова, за неа, ќе биде практично враќање во Турција, откако претходно беше дел од составите на Анкара и на Трабзон. Покрај настапите во оваа држава, таа играше и за вториот тим на Ѓер во Унгарија, Мошонмаѓаровар. Пред започнувањето на интернационалната кариера, беше дел од екипите на Еуростандард, Гевгелија, Вардар, а кариерата ја започна во Универс.

 

Најново во Ракомет