Познати сите конкуренти на Вардар на Супер Глоуб

Барселона влегува со „вајлд-карта“

Светската ракометна федерација се реши вајлд картата да ја додели на каталонскиот гигант Барселона. Ждрепката за двете групи ќе се одржи дополнително.

објавено: 15 јули 2017 - 15:14

На повеќе од месец до стартот на неофицијалното Светско клупско првенство, ИХФ Супер Глоуб, Светската ракометна федерација конечно го комплетираше списокот на учесници на силниот турнир, кој ќе се одржи во Доха, Катар од 25 до 28 август, но деновиве се очекува само официјалната потврда.

Поради политичката криза на блискиот исток своето учество мораше да го откаже азискиот шампион Ал Ноор и африканскиот првак Ал Ахли. На местото на преставниците од Саудиска Арабија и Египет земји кои од неодамна воведоа и ембарго кон Катар, на покана на домаќинот ќе настапат првакот на Иран и првакот на Тунис.

Светската ракометна федерација се реши вајлд картата да ја додели на каталонскиот гигант Барселона. Ждрепката за двете групи ќе се одржи дополнително.

Учесници на ИХФ Супер Глоуб:

Вардар, европски шампион, Фуксе Берлин, бранител на титула, Есперанца Тунис, второ место во Африканската Лига на шампиони, Нафт Газ, второ место во Азиската Лига на шампиони, Сиднеј Универзитет, победник во Лига на шампиони во Океанија, Пињеирос, победник во Пан Американскиот Куп на шампиони, Барселона, вајлд карта, Ал Сад, домаќин

Најново во Ракомет