ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ПОСИЛЕН ВО МАНХАЈМ

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ВАРДАР: Циндриќ ќе му биде на располагање на Раул

Лука Циндриќ се враќа во составот на Вардар и тоа за тешкото гостување кај Рајн Некар во рамките на 9. коло во Лигата на шампионите. Средниот бек кој поради повреда на коленото пропушти два меча (Во ЛШ и СЕХА), се чувствува одлично и ќе биде подготвен за гостувањето во Манхајм, каде најверојатно нема да патува Рожерио Мораес.   

објавено: 21 ноември 2017 - 15:00

Вардар полека се комплетира пред новиот дуел со Рајн Некар во Лигата на шампионите. Предводникот на европскиот првак, Раул Гонзалез на гостувањето во Манхајм на располгање ќе го има Лука Циндриќ. Средниот бек кој поради повреда на коленото пропушти два меча (ЛШ и СЕХА), а не влезе во игра ниту против ППД Загреб, се чувствува добро и полека се враќа во ритам.

Иако ситуацијата со Циндриќ не беше премногу сериозна и тестовите за издржливост беа позитивни, сепак шпанскиот стратег не сакаше да ризикува, токму затоа одлучи да го поштеди средниот бек.

Надвор од стројот и натаму е Рожерио Мораес. Неговата состојба е посложена, и исто се работи за повреда на колената, а сериозноста ќе биде утврдена до крајот на оваа недела.

И покрај тоа што Гонзалез на дуелот во Скопје настапи без двајцата ракометари, сепак тоа не се одрази во играта на Вардар. Игор Карачиќ, кој го понесе целиот товар на позицијата среден бек, одлично ја заврши работата, исто како и капитенот Стојанче Стоилов и Мијајло Марсениќ.

Натпреварот меѓу Рајн Некар и Вардар се игра во недела во Манхајм. 

 

 

 

 

Најново во Ракомет