ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ ЗА МЕЧЕВИТЕ ВО ЛШ

Европската круна Вардар започнува да ја брани во Полска, Кире Лазаров ќе биде прв гостин во „Јане Сандански“

„Црвено-црните“ ќе гостуваат кај висла Плоцк, а датумот дополнително ќе биде одреден

објавено: 15 јули 2017 - 13:04

Актуелниот европски првак Вардар, одбраната на титулата во Лигата на шампионите ќе ја започне на гостински терен. Според објавениот распоред за групната фаза од Лигата на шампионите, Вардар ќе гостува во Полска, на екипата на Висла Плоцк. 

Вардар е во групата А, а за противници освен Висла, ги има и екипите на Барселона, Нант, ПИК Сегед, Рајн Некар, Кристијанштад и Загреб. Првиот меч од ЛШ Вардар ќе го игра во периодот од 13 до 17 септември. Тоа ќе биде одлучено во договор со ТВ куќите и ЕХФ. Конечниот распоред треба наскоро да се знае. 

Првиот меч на свој терен во „Јане Сандански“, Вардар ќе го игра против францускиот Нант, каде што игра капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров. 

Распоред на натпревари на Вардар во ЛШ - сезона 2017/2018

13-17.09.2017 Висла - Вардар
20-24.09.2017 Вардар - Нант
27.09-01.10.2017 Вардар - ППД Загреб
04-08.10.2017 ПИК Сегед - Вардар
11-15.10.2017 Вардар - Барселона
01-05.11.2017 Кристијанштад - Вардар
08-12.11.2017 ППД Загреб - Вардар
15-19.11.2017 Вардар - Рајн Некар
22-26.11.2017 Рајн Некар - Вардар
29.11-03.12.2017 Вардар - Кристијанштад
07-11.02.2018 Барселона - Вардар
14-18.02.2018 Вардар - ПИК Сегед
21-25.02.2018 Нант - Вардар
28.02-04.03.2018 Вардар - Висла

Најново во Ракомет