ЕХФ ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА НОВИ БИЛЕТИ ЗА Ф4

Последна шанса за место во Келн

Откако за кратко време беа распродадени билетите за завршницата во Лигата на шампиони, од Европската ракометна федерација објавија дека во продажба се пуштени нови карти. 

објавено: 18 мај 2017 - 16:20

Откако за кратко време беа распродадени билетите за завршницата во Лигата на шампиони, од Европската ракометна федерација објавија дека во продажба се пуштени нови карти за турнирот, кој на 3. и 4. јуни ќе се одржи во Ланксес" арената во Келн.

Станува збор за билетите кои им беа доделени на клубовите, а не се продадоа. Истите се вратени во ЕХФ и повторно ќе можат да се најдат во слободна продажба, но по цена од 295 евра, што пак е доста скапо особено ако се земе во предвид дека ВИП-местата се продаваа по истата цена. Инаку бројот на картите е лимитиран.

Нашите информации се дека местата предвидени за фановите на Вардар ќе бидат речиси исполнети до последното место. Добра вест за „црвено-црните“ е дека ќе имаат поддршка и од Македонците кои живеат во Германија.

 

 

 

Најново во Ракомет