Рускиот интернационалец уште една година во Скопје

Вардар го потврди Шишкарев и за следната сезона

Како што најави „Спортмедиа“, Данил Шишкарев и Вардар ја продолжија соработката. Рускиот интернационалец и следната година ќе го носи дресот на македонскиот шампион. 

објавено: 18 мај 2017 - 15:15

Како што најави „Спортмедиа", Данил Шишкарев и Вардар ја продолжија соработката. Рускиот интернационалец и следната година ќе го носи дресот на македонскиот шампион. 

„Десното крило Даниил Шишкарев и во следната сезона ќе биде член на Вардар. Рускиот интернационалец и управата на македонскиот повеќекратен ракометен првак договорија и во сезоната 2017/2018 Шишкарев да остане во Скопје“, се вели во соопштението на РК Вардар.

Шишкарев во Вардар дојде во 2014 година, со „црвено-црните“ освои две шампионски титули во Македонија и двапати беше победник на СЕХА Гапром лигата. Сезонава постигна вкупно 30 голови во натпреварите од Лигата на шампионите, од од кои пет на последниот четврт-финален натпревар против Флензбург во Скопје.

Најново во Ракомет