НАШИОТ РАКОМЕТАР Е ВО ОДЛИЧНА ФОРМА

Манасков незадржлив, даде шест гола за победа против Сегед

Крилото на Веспрем беше втор стрелец во тимот кој убедливо со 30:21 го победи сегед во дербито

објавено: 21 октомври 2017 - 16:15

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков покажува дека е во одлична форма. Крилото на Веспрем даде шест гола и беше еден од најзаслужните за победата во дербито против Сегед, во унгарското првенство. 

Манасков беше втор стрелец во редовите на шампионот, кој речиси во текот на целиот меч имаше контрола на резултатот. Гостите на полувремето имаа водство од 15:11, а во вториот дел само ја зголемија предноста за на крајот да биде убедлива победа од 30:21. 

Најново во Ракомет