стартуваа мечевите од главната фаза

Норвешка е пресилна за Србија

По овој пораз, „орлите“ и дефинитивно немаат шанси за место во полуфиналето

објавено: 18 јануари 2018 - 19:48

Селекцијата на Норвешка со победа стартуваше во главната група, на Европското првенство во Хрватска. Во првиот меч, во борба за полуфиналето, Норвешка без поголеми проблеми ја победи Србија со 32:27. Во поголемиот дел од мечот фаворитот имаше контрола на резултатот. 

По првите 30 минути, Норвешка водеше со 15:10, а таа позитива од пет гола ја задржа и на крајот. Бјорнсен и Сагосен со по 8 гола беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Жарко Сесум со пет гола беше најефикасен кај Србија. 

Со оваа победа, Норвешка сега има четири бода и останува со реални шанси за едно од првите две места во групата. Србија и понатаму е единствената селекција од сите кои останаа во двете групи, без ниту еден освоен бод. 

Најново во Ракомет