ЧУДНА ОДЛУКА НА СЕЛЕКТОРОТ ДРАГАН ЃУКИЌ

Борозан и Црна Гора со голема самодоверба: Со 10 дена тренинг може да ја победат Македонија?

Црна Гора е една од ретките репрезентации кои подготовките за Европското првенство во Хрватска ќе ги започне по Нова година. 

објавено: 13 декември 2017 - 20:25

Црна Гора е една од ретките репрезентации кои подготовките за Европското првенство во Хрватска ќе ги започне по Нова година. Како што пишуваат тамошните медиуми, ваквата одлука на противникот на македонската репрезентација е поради обврските на селекторот, Драган Ѓукиќ со неговиот тим Одорхеи со кого ќе игра на новогодишен турнир кон крајот на декември во Шпанија.

Доколку се потврдат најавите, Црна Гора и Вуко Борозан ќе тренираат само два дена, а потоа ќе одигра контролен натпревар со Хрватска во Сплит. 

Ваквата одлука на Ѓукиќ наиде на критики, бидејќи останатите репрезентации во групата со подготовките почнуваат многу порано. Македонија се собира на 18 декември, Словенија два дена подоцна, додека ќе се соберат на 23 ноември.

Црногорците и за време на ЕХФ-неделата најавија дека победата за пласман во следната рунда на Европското првенство ќе ја бараат против Македонија, но и дека се надеваат на изненадување против еден од двајцата фаворити во нашата група, Словенија и Германија.

 

 

Најново во Ракомет