ФРАНЦИЈА ГО ДОБИ ДУЕЛОТ СО ЦРНА ГОРА

Заврши големиот сон на Радичевиќ, колешките Лејно и Лакрабер и го украдоа

Франција обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство, откако ја совлада Црна Гора со 25-22, благодарение на расположената Амандин Лејно, 

објавено: 12 декември 2017 - 22:30

Битката за пласман во полуфиналето меѓу Вардарките заврши со среќен крај за Амандин Лејно и Александра Лакрабер, кои ја совладаа Црна Гора и Јованка Радичевиќ со 25-22.

Дека Франција ќе се најде во полуфиналето беше познато уште по првите 30. минути. Лејно и Лакрабер, како и нивните колешки од репрезентацијата лесно го наметнаа своето темпо и на одморот заминаа со позитива од 12-10.

Најзаслужни за добрата игра на Франција беа и екс-вардарките Пино и Дембеле, кои беа на ниво на задачата. На другата страна Црна Гора се ободуваше да му парира на противникот, но немаше на располагање соодветен арсенал.

Кај победникот Лакрабер имаше три гола, додека Радичевиќ постигна четири погодоци. 

Во полуфиналето на Мундијалот место обезбедија и Швеѓанките кои беа подобри од Данска со 26-23.

 

Најново во Ракомет