ВО ПРВАТА КОНТРОЛА ПРЕД МУНДИЈАЛОТ

БРАВО МОМЦИ: Младинците со пресврт до победа над Катар

Македонската младинска репрезентација го победи Катар со 24-25 (16-13) во првата од двата пријателски натпревари во Доха. 

објавено: 11 јули 2017 - 18:44

Македонската младинска репрезентација го победи Катар со 24-25 (16-13) во првата од двата пријателски натпревари во Доха.

Избраниците на селекторот, Илија Темелковски и покрај тоа што на полувремето имаа негатива од три гола (16-13), сепак во второто полувреме успеаја да одиграат многу подобро, пред сè во одбраната, на противникот му дозволија на постигне само 8 гола, додека реализираа 23 гола.

Димитар Димитриоски со 7 погодоци го заврши натпреварот како прв стрелец, а добар настап имале и Талески, Кузмановски, Нелоски и Велковски. Горан Крстевски од седмерец го реализираше последниот гол на мечот што и донесе победа на Македонија, а одличен меч имаше и Никола Даниловски на голот на нашата репрезентација.

Конечен резултат:
Катар – Македонија 24-25 (13-16)
Стрелци за Македонија: Димитриоски 7, Велковски 4, Талески 3, Нелоски 3, Кузмановски 3, Крстевски 2, Шилегов 1, Јагуриновски 1, Палевски 1

Утре во Доха на програмата е и втората подготвителна средба помеѓу овие две репрезентации, која за нашите ракометари ќе претставува последен тест пред СП во Алжир. Првенството почнува на 18 јули.

Најново во Ракомет