ПРОМЕНИ НА СЕЛЕКТОРСКИТЕ МЕСТА КАЈ МЛАДИТЕ

ДВЕ ВО ЕДНО: Брестовац на местото на Темелковски, ќе ги води и кадетите

Данило Брестовац ќе ги предводи младинската и кадетската репрезентација на ЕХФ Шампионатот 2018 и СП 2019 кое ќе се одржи во Македонија.

објавено: 6 септември 2017 - 13:25

На следните првенства, младинската и кадетската репрезентација ќе ги предводи Данило Брестовац. Бидејќи 80% од играчите играат во двете селекции, Управниот одбор на РФМ направи проценка дека е потребно еден човек паралелно да работи со двете тима за подобри подготовки за двете големи натпреварувања, ЕХФ Шампионатот 2018 и кадетско СП 2019 кое ќе се одржи во Македонија 

На денешната седница на УО истакнаа дека Раул Гонзалез е информиран за поставување на новиот селектор и тој дава полна поддршка за именување на Брестовац

Новиот предводник на овие две репрезентации моментално е тренер во Луксембург и поради тоа оваа сезона ќе се направи проширен стручен штаб. 

 

Најново во Ракомет