МАКЕДОНСКИОТ „БОМБАРДЕР“ Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО

ЕХФ ЕУРО СО ПРЕДЛОГ ЗА РЕФЕРЕНДУМ: Лазаров во репрезентација до 52 години (ВИДЕО)

Кире Лазаров е инспирација, не само за младите генерации, туку и за врвните ракометни експерти. Тој е вистинско непроценливо богатство, играч што го посакува секоја земја, но го има само Македонија. По маестралната партија против Чешка, ЕХФ ЕУРО излезе со голем број текстови и видео-снимки за нашиот капитен. Европската федерација предложи во Македонија да има референдум за Лазаров да игра во дресот на националниот тим до 52 години, а може и повеќе.

објавено: 19 јуни 2017 - 12:58

Македонскиот „бомбардер“ квалификациите за ЕП следната година ги заврши како најдобар стрелец со 59 погодоци, кој од кој поубав..

„Овој човек е едноставно е фантастичен. Иако има 37-години, Кирил Лазаров ги полни мрежите...тој само погодува, погодува и погодува..Погледнете го овој неверојатен летечки гол на дуелот против Чешка", пишува на официјалната страница на „EHF EURO Channel'. 

Уживајте во една од многуте мајстории на нашиот капитен...поточно во одличната акцијата на Манасков и Лазаров...

Најново во Ракомет