ПРВИ ВПЕЧАТОЦИ НА ШПАНЕЦОТ ЗА МЛАДИНЦИТЕ

ФОРМУЛАТА НА ПАРОНДО: Мора да дишеме како едно, ова е единствениот пат до успехот

Од пред неколку дена и асистентот на Раул Гонзалез, Роберто Парондо Гарсија, е заедно со младинската репрезентација. Шпанецот последните тренинзи пред заминувањето за Алжир максимално ги искористи за корекција на недостатоците. 

објавено: 17 јули 2017 - 13:00

Од пред неколку дена и асистентот на Раул Гонзалез, Роберто Парондо Гарсија, е заедно со младинската репрезентација. Шпанецот последните тренинзи пред заминувањето за Алжир максимално ги искористи за корекција на недостатоците.

„Екипата има многу добри индивидуалци, но потребно е да се вклопиме како тим. Многу работевме на тоа по враќањето од Катар и мислам дека тоа е единствената формула за да се дојде до резултат на СП. Момците добро се познаваат меѓу себе, има хемија, но повторно ќе потенцирам, не смее да имаме индивидуални 'испади', туку мора да дишеме како едно, така може да се победи секој", ни ијази Парондо.

Македонија на Мундијалот во Алжир е дел од групата Ц, заедно со Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и со Буркина Фасо. „Зборнаја" ни е првиот противник во групата, со кој играме утре (15 часот), на отворањето на СП.
Првите четири екипи од групата продолжуваат понатаму во осминафиналето.

Најново во Ракомет