ПОЗНАТИ СЕ СПАРИНГ-ПАРТНЕРИТЕ

Гонзалез одлучи: Саудиска Арабија и Србија ќе бидат единствените „тестови“ пред ЕП

Македонската репрезентација во пресрет на Европското првенство во Хрватска ќе одигра само два пријателски натпревари. РФМ потврди дека Раул Гонзалез и неговите избраници ќе играат со Саудиска Арабија и Србија најверојатно на гостински терен, кај северниот сосед.

објавено: 25 октомври 2017 - 16:18

Македонската репрезентација во пресрет на Европското првенство во Хрватска ќе одигра само два пријателски натпревари. РФМ потврди дека Раул Гонзалез и неговите избраници ќе играат со Саудиска Арабија и Србија најверојатно на гостински терен, кај северниот сосед. 

Саудиска Арабија на почетокот на следната година ќе биде на подготовки во Србија, па тие ќе бидат наш прв противник на 4 јануари, додека ден подоцна ќе се соочиме со домаќинот Србија. Овие два натпревари, по желба на Шпанецот, се чини дека ќе бидат единствената контрола на сениорите пред ЕП.

Македонската репрезентација на континенталниот собир е во група со Словенија, Црна Гора и Германија. 

Најново во Ракомет