ШПАНЕЦОТ КАКО И СЕКОГАШ УМЕРЕН

ГОНЗАЛЕЗ ВО СВОЈ СТИЛ: Нема силен или слаб противник, денеска сите играат ракомет

Македонската репрезентација од вториот шешир ќе ги чека противниците за ЕП во Хрватска. Данска, Белорусија и Шведска се тимовите против кои не можеме да се сретнеме во групната фаза.   

објавено: 23 јуни 2017 - 12:15

Македонската репрезентација од вториот шешир ќе ги чека противниците за ЕП во Хрватска. Данска, Белорусија и Шведска се тимовите против кои не можеме да се сретнеме во групната фаза. Во првиот шешир се наоѓаат домаќинот Хрватска, актуелниот европски првак Германија, Шпанија и Франција, третиот шешир е составен од Норвешка, Србија, Црна Гора и Чешка, додека во четвртиот шешир се Унгарија, Словенија, Австрија и најдобриот третопласиран тим од квалификациите Исланд.

Селекторот, Раул Гонзалез во свој стил, без желби ги чека имињата на противниците. За Шпанецот нема посебни желби, бидејќи како што самиот вели, денеска сите знаат да играат ракомет. 

„Немам желби, затоа што на ЕП нема силен или слаб противник. Сите играат ракомет денеска, а ако сакаме да бидеме меѓу најдобрите мора на такво ниво да ги одиграме сите натпревари. Да видиме прво што ќе ни донесе ждрепката, а потоа ќе мислиме на тоа што и како во јануари", вели селекторот на Македонија, Раул Гонзалез.

Ждрепката е полудиригирана, со оглед на тоа дека Хрватска како организатор одбра да биде дел од групата А која ќе се натпреварува во Сплит, Норвешка е сместена во групата Б во Пореч, Словенија ќе игра во групата Ц во Загреб, додека Унгарија се најде во групата Д во Вараждин.

Најново во Ракомет