Менување на форматот

ИХФ го враќа стариот формат на Светските првенства

По три најдобри репрезентации од четири групи кои ќе бодат составени од по шест селекции, ќе формираат две нови групи во главната фаза. Додека најдобрите две таму ќе обезбедат пласман во полуфиналето

објавено: 18 мај 2017 - 13:00

Светската ракометна федерација (ИХФ) планира да го промени натпреварувачкиот систем од Светското првенство во 2019 година. Поточно, не станува збор за внесување на некој новитет, напротив, тоа ќе биде враќање на претходниот систем. Наместо осмина и четврт-финалнитесредби, ќе постои главна фаза.

По трите најдобри селекции од четири групи кои ќе бидат составени од ешст селекции, ќе формираат две нови групи во главната фаза. Додека, пак, најдобрите две од главната фаза, ќе играат во полуфиналето.

Со овој формат последен пат се играше на Светското првенство 2011 година кое се одржа во Шведска.

Најново во Ракомет