ДЕФАНЗИВЕЦОТ Е ПРИМЕР ЗА ГОЛЕМ СПОРТИСТ

Јоноски: Чувството да се носи репрезентативниот дрес е секогаш посебно

Ацо Јоноски ја оправда довербата кај Раул Гонзалез. Повратникот во националниот тим по триумфот над Чешка, не го криеше задоволството што повторно го облече „црвено-жолтиот“ дрес. 

објавено: 18 јуни 2017 - 23:44

Ацо Јоноски ја оправда довербата кај Раул Гонзалез. Повратникот во националниот тим по триумфот над Чешка, не го криеше задоволството што повторно го облече „црвено-жолтиот" дрес.

„Ми се јави селекторот и ме праша дали можам да дојдам. Имав некои обврски во Германија кои морав да ги средам и затоа не настапив во Украина. Но, завршив се навреме и успеав да помогнам за оваа втора средба. Сите знаевме што значи овој натпревар за нас. Јас бев посебно мотивиран бидејќи не бев повикан на последното СП во Франција. Се вратив и мислам дека ја оправдав довербата. Чувството да се носи репрезентативниот дрес е секогаш посебно. Никој во меѓувреме не ја зема деветката, остана за мене, моментот кога повторно ја облеков беше прекрасен.
Не можам да кажам ништо, треба добро да се размисли. Би сакал да играм и на следното ЕП во Хрватска“, изјави по мечот Јоноски. 

Најново во Ракомет