ПО ЕДЕН ДЕН ОДМОР, МЛАДИНЦИТЕ ВО „ПОГОН“

ЛАДНО, ПА ТОПЛО: Мисијата Алжир продолжува

По еден ден одмор, младинската ракометна репрезентација денеска продолжи со подготовките за Светското првенство во Алжир. 

објавено: 8 јули 2017 - 20:35

По успешно одработените физички подготовки во Маврово, и по еден ден одмор, младинската репрезентација денеска во Скопје продолжи со тренинзи. Селекторот Илија Темелковски и неговите избраници во нашиот главен град ќе останат до понеделник кога ќе заминат за Доха, каде на 11 и 12 јули ќе одиграат две пријателски средби со соодветната репрезентација на Катар, како последна подготовка пред настапот на Светското Првенство во Алжир.

За Катар ќе патуваат 16 ракометари од вкупно 17, но според најавите на селекторот Темелковски овој список можеби нема да биде конечниот за Мундијалот.  

Македонија се најде во групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Брукина Фасо. Првопласираните четири репрезентации од групата продолжуваат во осминафиналната елиминациска фаза.

 

Најново во Ракомет