КАПИТЕНОТ Е ВИСТИНСКИ ПРЕДВОДНИК

Лазаров: Играме квалитетен, модерен, интелигентен ракомет

Уште еднаш се покажа дека Кире е главната ѕвезда во оваа селекција на Македонија

објавено: 18 јуни 2017 - 22:51

Речиси безгрешна беше играта на капитенот Кирил Лазаров на дуелот против Чешка. Предводникот на Македонија на теренот, даде 11 гола од 12 обиди, а одлично ја кординираше целата игра. Лазаров е задоволен од играта и од се тоа што беше покажано на теренот вечерва во „Борис Трајковски“.

„Мислам дека ова е еден од најквалитетните наши натпревари. Не треба да се залажуваме што победивме со 13 разлика и да мислиме дека сме победиле слаба селекција. Поправивме некои детали во одбраната и нападот. Сега играме многу полесно. Ме радува играта на младите. Полека растеме како репрезентација. По мечот му реков на Раул дека се надевам дека не е ова се од нас. Задоволни сме, на убав начин ја завршивме сезоната. Играме квалитетен ракомет, паметен интелигентен. Многу сум задоволен и среќен. Овој успех е заслуга на сите играчи. Рано е да мислиме за Хрватска.“, рече капитенот Лазаров. 

Најново во Ракомет