„Борецот“ во нашиот тим сака полна сала

Миркуловски: Сметаме на полни трибини и максимална поддршка

„Сметаме на полни трибини и победа. Ние секако дека имаме мала предност пред домашна публика" изјави Миркуловски

објавено: 1 мај 2017 - 15:49

Филип Миркуловски се врати од репрезентативна пензија пред неколку месеци и дојде да и помогне на Македонија најпрвин на Светското, а сега и во квалификациите за Европското првенство. Играчот на Вецлар утринава беше дел од тренингот на репрезентацијата кој за прв пат беше предводен од новиот селектор, Раул Гонзалез.

„Исланд добро го познаваме бидејќи одигравме меч на последното Светско Првенство. Но, сега тоа е друга репрезентација бидејќи ќе игра Палмарсон кој е нивни најдобар ракометар. Сигурно дека ќе бидат појаки за 30-40 проценти, но, ние сме домаќини имаме и нов селектор. Секако дека Раул ќе внесе некои новитети кои досега беа непознати за нас. Мораме да одработиме само три или четири тренинзи, но, добро е што оваа репрезентација е заедно долго време и добро се познаваме. Сметаме на полни трибини и победа. Ние секако дека имаме мала предност пред домашна публика, секогаш играме подобро дома така да сметам дека ќе одиграме добар меч. Со победа да одиме на реванпот порастеретени. Ние сме во мала предност и Исланд е под притисок" изјави Миркуловски.

Најново во Ракомет