НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ ПРИСТИГНАА ВО АЛЖИР

Младинците се неуморни, вечерва ќе одржат тренинг

По долгиот пат од речиси осум часа, нашата младинска репрезентација пристигна во Алжир. Избраниците на селекторот, Илија Темелковски по краткиот одмор, во 21 часот ќе го одржат единствениот тренинг пред утрешниот прв дуел против Русија на Мундијалот. 

објавено: 17 јули 2017 - 20:25

По долгиот пат од речиси осум часа, нашата младинска репрезентација пристигна во Алжир. Избраниците на селекторот, Илија Темелковски дури два и пол часа заглавиле на пасошока контрола за влез во оваа земја. По краткиот одмор, „црвено-жолтите“ во 21 часот ќе го одржат единствениот тренинг пред утрешниот меч против селекцијата на Русија во рамките на првото коло на Мундијалот.

Нашата репрезентација е сместена во хотелот „Меркур“, кој се наоѓа на самиот аеродром. Во истиот хотел се наоѓаат уште 12 репрезентација.

Македонија е во групата Ц, заедно со Русија, Шпанија, Тунис, Буркина Фасо и Бразил. 

Најново во Ракомет