ПОЗНАТ РАСПОРЕД ЗА ГРУПНАТА ФАЗА НА СП ВО АЛЖИР

Младинците тргнуваат со Русија, завршуваат со Бразил

Организаторот на Светското првенство, Алжир ги дефинираше саатниците и распоредот на натпреварите. Македонија на 18 јули, во 15 часот (по македонско време), ќе се соочи со Русија на отворањето на Мундијалот.

објавено: 11 јуни 2017 - 15:50

Македонската машка репрезентација до 21 година без осуммина играчи ги стартуваше подготовките за Светското првенство во Алжир. Селекторот Илија Темелковски не може да смета на: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Мартин Томовски, Мартин Велковски, Димитар Димитриоски, Милан Лазаревски и Горан Крстевски, кои во моментов се во сениорскиот тим и ќе се приклучат во втората фаза,

Инаку домаќинот на СП ги дефинираше саатниците и распоредот на натпреварите. Македонија на 18 јули, во 15 часот (по македонско време), ќе се соочи со Русија на отворањето на Мундијалот. На 20 јули ќе играме против Буркина Фасо, додека ден подоцна со Тунис. Во претпоследното коло ќе се соочиме со Шпанија (23 јули), а на затворањето на групната фаза, противник ни е Бразил.

Репрезентациите кои се пласирани од првото до четвртото место во групата, продолжуваат во следната фаза, додека останатите разигруваат за пласман во долниот дел од табелата.СП У21 АЛЖИР

РАСПОРЕД - ГРУПНА ФАЗА
ГРУПА Ц
1.КОЛО (18.07.2017)
11:00ч. Шпанија – Бразил
13:00ч. Тунис – Буркина Фасо
15:00ч. Македонија – Русија
2. КОЛО (20.07.2017)
17:00ч. Бразил – Тунис
19:00ч. Русија – Шпанија
21:00ч. Буркина Фасо – Македонија
3. КОЛО (21.07.2017)
15:00ч. Бразил – Русија
17:00ч. Шпанија – Буркина Фасо
19:00ч. Тунис – Македонија
4. КОЛО (23.07.2017)
17:00ч. Тунис – Русија
19:00ч. Македонија – Шпанија
21:00ч. Буркина Фасо – Бразил
5. КОЛО (24.07.2017)
15:00ч. Шпанија – Тунис
17:00ч. Буркина Фасо – Русија
19:00ч. Македонија - Бразил

Најново во Ракомет