ИЗВРШЕНА ЖДРЕПКАТА ЗА МУНДИЈАЛОТ

Младинките ги добија противниците за СП 2018

Македонската репрезентација до 20 години во квалификациите за пласман на Мундијалот, кој ќе се одржи во Унгарија, силите ќе ги одмери со Германија, Исланд и Литванија. 

објавено: 21 ноември 2017 - 16:00

Женската младинска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство, кое во 2018 година ќе се одржи во Унгарија. „Црвено-жолтите“ се најде во групата 4, заедно со Германија, Исланд и Литванија.

Според системот на натпреварување, само најдобрата репрезентација од групите 3,4,5 и 6, ќе обезбеди место на Мундијалот, додека во групите 1 и 2 ситуацијата е поинаква, пласман на СП ќе обезбедат првите две селекции.

Квалифиакциските натпревари ќе се одиграат од 23 до 25 мај 2018 година, додека Светското првенство за ракометарки до 20 години ќе се одржи од 1 до 15 јули 2018 година во Унгарија.

 

Најново во Ракомет