МАКЕДОНСКИОТ „БОМБАРДЕР“ Е БРОЈ ЕДЕН

МУ НЕМА РАМЕН: Лазаров е прв стрелец во квалификациите

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров е најдобар стрелец во квалификациите со 59 погодоци. Зад него на второто место остана вардаровиот ракометар, Вуко Борозан, кој има 50 гола. 

објавено: 19 јуни 2017 - 00:01

По завршувањето на квалификациите за Европското првенство, капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров е најдобриот стрелец.

Македонскиот „бомбардер“ на дуелот против Чешка постигна 11 гола од 12 обиди, за вкупни 59 погодоци. Зад него на второто место е вардаровиот ракометар, Вуко Борозан, додека пак третата позиција му припадна на Белијецот, Дамјан Кеѕиора кој има 41 гол.

 

Најново во Ракомет