ПРВИОТ ЧОВЕК НА РФМ ЗАДОВОЛЕН ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП

Мукаетов: Голема благодарност до Раул, Самсоненко и Вардар, излегоа во пресрет во важен период

Во РФМ во моментов се одржува седница на Управниот одбор. Прва точка на дневниот ред е извештајот од настапот на нашиот најдобар национален тим во квалификациите за ЕП 2018. Селекторот, Раул Гонзалез и неговите избраници ги одиграа најдобрите квалификации досега, завршија први во групата. 

објавено: 6 септември 2017 - 11:45

Во РФМ во моментов се одржува седница на Управниот одбор. Прва точка на дневниот ред е извештајот од настапот на нашиот најдобар национален тим во квалификациите за ЕП 2018. Селекторот, Раул Гонзалез и неговите избраници ги одиграа најдобрите квалификации досега, завршија први во групата.

Првиот човек на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов истакна дека е задоволен од успехот и најпрво изрази благодарност до сите кои беа дел од организацијата, а потоа посебно им се заблагодари на Раул Гонзалез, соопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко и до самиот клуб. Претседателот на РФМ најави дека на репрезентацијата и е потребна уште поголема поддршка и мобилизација во пресрет на Европското првенство во Хрватска.  

"Го поздравувам успехот и она што го постигнавме во квалификациите за ЕП. Резултат за пофалба не само на играчите и стручниот штаб, туку и на сите кои беа вклучени во организацијата и работата во циклусот. Но не чека уште многу работа. Во овој момент е потребна уште поголема поддршка и мобилизација за да се помогне и во Хрватска да се претставиме во најдобро светло.

Голема благодарност и за Раул Гонзалез и Сергеј Самсоненко и Вардар, кои излегоа во пресрет и во еден многу важен период за клубот, особено Раул се стави на располагање и на македонскиот национален тим и постигна голем успех", изјави првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов

Најново во Ракомет