ЗА ПЛАСМАНОТ НА ЕП ДОБИЈА ЗАСЛУЖЕНИ ПРЕМИИ

Ракометарите наградени со 40.000 евра

Според правилникот на Ракометната федерација на Македонија, пласман на големо натпреварување како ЕП или СП се добива парична награда од 30.000 евра. Овојпат таа награда е зголемена 

објавено: 19 јуни 2017 - 09:50

Македонската ракометна репрезентација на продолжи традицијата со пласман на големи натпреварувања, откако се избори да биде дел од Европското првенство во Хрватска. Во последниот, решавачки меч, Македонија убедливо со 33:20 ја победи Чешка и како првопласирана заврши во групата. 

За овој успех, според правилникот на РФМ, играчите ќе добијат заслужена премија. Предвидено е премијата да биде 30.000 евра, но овојпат Управниот одбор на ракометната федерација реши наградата да биде зголемена и да изнесува 40.000 евра. 

Ракометарите се дефиниција за успех во Македонија и сосема заслужено ќе бидат наградени за одличните игри и првото место во квалификаиската група.

Најново во Ракомет