СЕЛЕКТОРОТ НЕМА ЗАБЕЛЕШКИ

Раул: Одигравме квалитетно во сите 60 минути

Секој играч си ја знае својата работа, задоволно констатираше шпанскиот стратег на чело на македонската селекција

објавено: 18 јуни 2017 - 23:00

Селекторот на Македонија Раул Гонзалес немаше многу стресови на дуелот против Чешка. Ракометарите во кои тој веруваше, покажаа на теренот дека знаат да сомелат противник како што е Чешка. 

„Одигравме добар квалитетен меч во сите 60 минути. Сите играчи знаеја што треба да играат и немам никакви забелешки. Одиме на ЕП каде што се селекции како Шпанија Германија Данска... Има многу до Хрватска ќе размислуваме за ЕП кога ќе дојде време“, рече Раул по мечот со Чешка.

Најново во Ракомет