ПИКЕРОТ СЕ НАВИКНА НА ГОЛЕМИ УСПЕСИ

Стоилов: Прв пат завршуваме први во групата, тоа значи нешто

Столе верува во оваа генерација која во Хрватска треба да го даде максимумот

објавено: 18 јуни 2017 - 22:31

Столе Стоилов е играчот кој сезонава крена можеби најмногу трофеи од било кој друг ракометар во цела Европа. Капитенот на Вардар, по блескавата сезона на клупски план, сега се радува и со националниот тим. 

„Покажавме карактер. Прв пат во историјата сме прво место во групата тоа значи нешто. Созреваме се повеќе и повеќе. Младите покажаа зошто се тука. Раул покажа дека е мајстор. Во Хрватска ќе одиме да дадеме се од себе. Нема никој да потцениме“, рече Стоилов по победата над Чешка. 

Најново во Ракомет