ПОБЕДА НАД ТУНИС ЗА ЗАВЕРКА НА ОСМИНАФИНАЛЕТО

ТАЛЕСКИ: Мора да одиграме мирно и паметно

Младинската репрезентација денеска (19 часот) го игра третиот и најважен натпревар во десегашниот дел на Светското првенство во Алжир. По двете победи во низа, избраниците на Илија Темелковски, против Тунис ќе бркаат нова радост, која пак ќе значи сигурен пласман во осминафиналето на Мундијалот. 

објавено: 21 јули 2017 - 17:09

Младинската репрезентација денеска (19 часот) го игра третиот и најважен натпревар во досегашниот дел на Светското првенство во Алжир. По двете победи во низа, избраниците на Илија Темелковски, против Тунис ќе бркаат нова радост, која пак ќе значи сигурен пласман во осминафиналето на Мундијалот.

Капитенот Филип Талески и неговите соиграчи свесни се дека ги чека тежок натпревар, но тоа не ги плаши напротив ги мотивира. 

„Натпреварот со Тунис е особено важен за да го потврдиме пласманот во осминафиналето. Не чека тежок меч. Мораме да бидеме внимателни, нема потценување и преценување. Против Буркина Фасо, дел од играчите имавме можност да одмориме. Ги знаеме нашите квалитети, фативме убав победнички ритам и без оглед што имаме тешка задача, мирно и паметно треба да се избориме за уште еден триумф", ни изјави Филип Талески.

Тунис по две кола има една победа против Буркина Фасо и еден пораз од Бразил. Македонската репрезентација е на првото место на табелата во групата „Ц“ со четири бода, исто колку и селекцијата на Шпанија. 

Најново во Ракомет