ЗА ДЕЛ ОД ИГРАЧИТЕ, СП ЌЕ БИДЕ ПОСЛЕДЕН МЛАДИНСКИ „ЛЕТ“

Талески: Позрели сме, можеме да направиме многу повеќе

За дел од ракометарите, Светското првенство во Алжир ќе биде последен настап во дресот на младинската репрезентација. Оваа генерација посакува и верува дека може да направи многу повеќе од претходните првенства.  

објавено: 16 јули 2017 - 19:02

За дел од ракометарите, како Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Мартин Томовски, Горан Крстевски, Никола Даниловски... Светското првенство во Алжир ќе биде последен настап во дресот на младинската репрезентација. Оваа генерација посакува и верува дека може да направи многу повеќе од претходните првенства. 

Капитенот на младинците и член на Рајн Некар, Филип Талески, вели дека се далеку позрели, ЛШ и СЕХА-исуството ќе биде добредојдено за Мундијалот.  

„Оваа генерација со мали исклучоци ја чека уште две години младински првенства, за нас постарите, поточно оние коишто сме родени 96/97 годиште, ова е последно Светско првенство. На претходните Европски, не го покажавме најдоброто. Позрели сме, можеме да направиме многу повеќе, дел од играчите имаат искуство во Лигата на шампиони и во СЕХА-лига, имаме и интернационалци.
Групата е доста интересна група и мислам дека може да фатиме второ или трето место. Знаеме што нè очекува, тој систем на игра е многу потежок. Треба да бидеме психички подготовени. Нема да биде лесно, затоа ќе одиме чекор по чекор", вели капитенот Филип Талески.

Младинската репрезентација утре (08 часот) заминува за Алжир, а веќе во вторник против Русија го игра првиот меч на СП. 

 

Најново во Ракомет