НОВ ГОВОР НА ТРЕНЕРОТ НА ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА

Јовиќ повторно потсети: Сите ги славеа младинците на СП, не заборавајте дека 90% од нив беа играчи на Металург

Покрај задоволството од остварениот убедлив триумф над Динамо Панчево, Александар Јовиќ потсети што значи името Металург во македонскиот ракомет. 

објавено: 12 декември 2017 - 18:32

Покрај задоволството од остварениот убедлив триумф над Динамо Панчево, Александар Јовиќ потсети што значи името Металург во македонскиот ракомет.

„Среќни сме и задоволни што последниот натпревар во 2017 година на домашен терен го завршивме со победа. Не одигравме толку добро во одбраната, имавме малку и среќа, постигнавме лесни голови од контра и полуконтра. Бевме доста добри во напад, игравме трпеливо, чекавме да изградиме шанса.

 

Металург заслужува да опстане како клуб. Имаме доста млада екипа, една од најмладите во СЕХА-лигата и во ЛШ. Имаме доста и македонски репрезентативци, играчи од 2000 годиште, ќе биде голема штета ако не продолжиме со работа. Сите ги славеа младинските репрезентативци на последното СП, 90% од овој тим беа играчи од Металург. Освен што работиме за доброто на нас, работиме за доброто за нашиот ракомет. Од тие репрезенативци треба да продолжиме да црпиме сениори, така што добро би било се да се реши", изјави Александар Јовиќ.

 

Најново во Ракомет