И ОФИЦИЈАЛНО ПОЗНАТ КАЛЕНДАРОТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

СЕХА ПОТВРДИ: Македонско дерби на стартот, Ф4 ќе се игра еден месец подоцна

Она што „Спортмедиа“ ексклузивно го најави пред една недела, денеска од регионалното натпреварување и официјално го потврдија. Металург и Вардар ќе се сретнат во првото коло од новата сезона, додека пак фајнл-фор турнирот ќе се игра од 4. до 6 мај.

објавено: 13 јули 2017 - 14:22

Она што „Спортмедиа" ексклузивно го најави пред една недела, денеска од регионалното натпреварување и официјално го потврдија. Металург и Вардар ќе се сретнат во првото коло од новата сезона, додека пак фајнл-фор турнирот ќе се игра од 4. до 6 мај.

Тимот од Автокоманда ќе го пречека бранителот на шампионската титула на 29 или 30 август.

За да се задржи регуларноста на СЕХА-лигата, одлучено е државите коишто имаат две екипи во ова натпреварување секогаш да ги играат првите натпревари меѓу себе. Поради тоа изгледот на првото коло се дуели кои се национално дерби. Хрватските претставници Загреб и Нексе, српските клубови Војводина и Динамо Панчево, како и словенските Горење и Целје се останатите парови од првото коло.

Единствено Татран Прешов и Мешков Брест не се ваква двојка, бидејќи доаѓаат од Словачка, односно Белорусија.

Финалниот турнир на седмото издание на Регионалналната лига ќе се одржи од 4 до 6 мај следната година. Челниците на СЕХА се одлучија за промена на терминот, односно наместо стандардно натпреварувањето да заврши април, оваа сезона ќе се игра на почетокот на мај.

Ваквата одлука е донесена бидејќи во првата недела од април следната година има ЕХФ-недела, во која машките национални тимови имаат обврски, додека од 18 до 22 април, односно од 25 до 29 истиот месец ќе се играат 1/4 финалните натпревари од Лигата на шампионите

Најново во Ракомет